Димитриев и Груевски на конгрес и самит на ЕПП во Малта

Од:

Премиерот Емил Димитриев и делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Никола Груевски учествуваат на Конгресот на Европската народна партија и на Самитот на европските десничарски партии, што се одржуваат денеска во Малта.

Во состав на делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ се и членовите на партискиот Извршен комитет Никола Попоски и Влатко Ѓорчев, и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски.

Во делот за шефови на влади и држави на Самитот на ЕПП е предвидено обраќање на премиерот Димитриев кој се очекува да се осврне на приоритетите на интегрирање на Македонија во Европската Унија, придонесот во постигнување стабилност и предизвиците на државите во постигнување на таа цел, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија. Европската народна партија, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ, е доминантна и најголема политичка партија во Европската Унија.

Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

На конгресот меѓу другото ќе се разговара и за брегзитот, даночната евазија во Европа, источното партнерство и процесот на интеграција.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски