Диме Ратајковски, главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската телевизија, си поднел оставка функцијата.
Иако Ратајковски оставката ја поднел пред околу еден месец таа се чувала во фиока, , бидејќи, неофицијално од него било побарано да ги „истера„ и локалните избори.
Во барањето Ратајковски напишал дека одлуката ја донел од лични причини, но ова следи по сериозните забелешки за непрофесионалното известување на 27.април во Собранието.
МРТ критикувана за непрофесионално и партиски пристрасно известување. Критиките беа од граѓаните и експертската јавност. Диме Ратајковски, главниот и одговорен уредник на МРТ, ги изненади присутните на дебатата на ЗНМ „Каков јавен сервис е потребен на Република Македонија“ кога во рамките на своето излагање рече: „Македонската радиотелевизија е институција која е основана од државата и ги брани и застапува државните интереси“.
Оправдувајќи ја уредувачката политика на необјавување на „бомбите“ на опозицијата со барањето за тоа од страна на Јавниот обвинител, Ратајковски на прашањето доколку Јавниот обвинител побара од него да ја угасне програмата на Јавниот сервис, рече дека ќе го стори тоа! Во сличен контекст, тој на забелешката дека цензурата е забранета со Устав, рече дека не е така.
Тогашната опозиција, пред една година објави дека преку Агеницијата за филм 30.000 евра одат во проект во којшто сценарист е токму Ратајковски.
Неофицијално, оставка поднела и уредничката на вториот програмски сервис Мигена Горенца.
Состојабата во Јавниот сервис врие и допрва ќе се расчистува со начинот на раководење и работење. Јавна тајна е дека уредниците и директорите и „подобните и послушните“, секој месец си земале варијабила на платата од + 50 проценти.