Дилери од Штип приведени во Чаир

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во Чаир биле приведени двајца штипјани осомничени за дилање дрога.

„Денеска (28.09.2021) околу 12 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во скопската општина Чаир запреле патничко моторно возило „сеат толедо“ со штипски регистерски ознаки, управувано од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип и при извршен преглед во возилото се пронајдени 30 шишиња метадон. Лицата се лишени од слобода, а по добиена судска наредба полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во дом кај А.П. во Штип и при претресот се пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба