ДИК утре ќе ги врачи уверенијата за пратеници

Од:

ДИК денеска ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори на 27 април. Уверенијата на избраните пратеници, според најавите од ДИК, ќе им бидат врачени утре, а конститутивната седница на Парламентот се очекува до крајот на оваа недела.

Опозицијата соопшти дека нема да ги прифати мандатите и оти тоа ќе биде потврдено со заверени нотарски изјави на нивните кандидати за пратеници. Неприфаќање на мандатот најави и Руфи Османи, единствениот пратеник на НДП што доби мандат.

На предвремените парламентарни избори од 1.780.128 запишани граѓани уставното право го искористиле 1.120.774 гласачи или 62,96 отсто.

Објавувајќи ги официјалните конечни резултати, претседателот на ДИК Никола Рилковски информира за освоените мандати на партиите што ги освоиле доволно гласови да ги пополнат 123 пратенички места.

Според тоа, во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ. Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, за кои најави дека нема да ги прифати.

Рилковски запрашан што ќе се случи со нивните мандати, односно како ќе постапи ДИК, по овие најави, рече дека тие досега немаат ништо официјално.

– Најавите се најави, најверојатно се сериозни. Меѓутоа, ние овде како ДИК се уште немаме ништо официјално во врска со ова прашање, рече тој.

Новоизбраните пратеници, меѓу кои има и ветерани со повеќегодишно парламентарно искуство, своите уверенија ќе може да ги подигнат утре во ДИК, а конститутивната седница на Собранието се очекува до крајот на неделава. Спикерот Трајко Вељаноски ќе ја свика откако официјално ќе го добие извештајот од ДИК дека предвремените парламентарни избори 2014 може да се сметаат за завршени.

Според најавите од ДИК, во 11 часот е предвиден термин за доделување на мандатите на опозицијата, а потоа и на сите останати кои имаат освоено пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто