ДИК треба да ги соопшти кандидатурите за градоначалници и за советници

Од:

Државната изборна комисија се очекува во текот на денов да ги објави податоците за тоа колку листи на кандидати за градоначалник на општините и за членови на советите пристигнале до неа до завршувањето на рокот во саботата на полноќ. Овие податоци ќе станат официјални утре откако на полноќ завршува рокот за приговори за отфлените листи од ОИК и нивна корекција.

Во меѓувреме Комисијата за верификција на фактите работи на проверка на кандидатите. Оние кои се кандидираат првпат ќе мора да го поминат филтерот на лустрациска пред да бидат гласани од граѓаните. Од лустрациска истакнуваат дека во никој случај нема да се попречи изборниот процес.
Течат роковите и за проверка на кандидатските листи од страна на општинските изборни комисии во однос на тоа дали се тие составени во согласност со одредбите на Изборниот законик. Доколку се констатирани неправилности или пропусти подносителите на листите треба да ги отстранат најдоцна во рок од 48 часа од приемот на листите односно до денеска на полноќ.

ОИК по потврдувањето на листите на кандидати за членови на Совет и листите на кандидати за градоначалник ги доставува до ДИК заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати. Рокот за ова изборно дејство истекува на полноќ на 22 февруари.

Жрепката за утврдување на единствената листа на кандидати за членови на Советот на општината, односно Советот на Град Скопје и единствена листа на кандидат за градоначалник на општината, односно Градот Скопје, ДИК ќе ја одржи на 24 февруари. Претходно ДИК ги известува овластените претставници на подносителите на листите за одржување на ждрепката.

Општинските изборни комисии утврдените единствени листи ќе ги огласи најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 26 февруари до сите населени места и на избирачките места во општината, односно во Градот Скопје. Утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се објавуваат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

На 18 февруари, односно 48 часа по потврдувањето на листите завршува и рокот за обезбедување на единствен даночен број и отворање трансакциска сметка заради прибирање на средства за финансирање на изборната кампања, од страна на политичките партии, коалициите, носителите на независните листи од група избирачи, односно лица кои имаат намера да се кандидираат.

Единствениот даночен број според роковникот на ДИК треба да биде со назнака „за изборна кампања“, а трансакциската сметка „за изборна кампања“ и тие не можат да се користат за друга намена. Доколку политичката партија, коалицијата, носителот на независната листа од група избирачи, односно лица кои имаат намера да се кандидираат не обезбедат единствен даночен број и не отворат трансакциска сметка во предвидените рокови кандидатската листа се отфрла со решение на надлежната изборна комисија, односно потврдената листа за кандидати се поништува.
Најдоцна до 21 февруари ДИК треба да ги информира избирачите и да ги објави описите на избирачките места во печатот и другите средства за јавно информирање.

На полноќ на 24 февруари ДИК го заклучува избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид отпечатен во вид на изводи. ДИК го потпишува заклучениот избирачки список, односно изводите од избирачкиот список на кој се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите, односно на 8 март на полноќ.

До 8 март треба да заврши задолжителната едукација на членовите на општинските изборни комисии, а од 1 до 21 март општинските изборни комисии ќе организираат, вршат и спроведуваат едукација на членовите на избирачките одбори според Планот и Програмата на ДИК.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите, односно на 4 март на полноќ и завршува на 22 март. Во првиот и вториот круг на гласање кампањата не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Би можело да ве интересира

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески

Пендаровски: Другата политичка опција носи стагнација за Македонија

А1он

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

Димитриевски: Претседател не може да се бира во Парламент, бидејќи ја црпи силата од граѓаните

А1он