ДИК се уште расправа за приговорите по изборниот процес

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе продолжи со разгледувањето и одлучувањето по приговорите за изборниот процес поднесени од страна на политичките партии.

Законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот.

ДИК, која започна со разгледување на приговорите завчера и е во постојано заседание, разгледа повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии.

До синоќа до 21 часот поништено беше гласањето на едно избирачко место во Охрид, а делумно беа прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки дваесетина приговори. Овие приговори се однесуваат генерално на прекршоци направени од страна на членови на избирачките одбори.

По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.

Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7. април.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ