ДИК отфрли приговори за пет избирачки места за Центар

Од:

Државната изборна комисија на денешното продолжение на седницата отфрли приговори за пет избирачки места за гласањето во Општина Центар поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Приговорите главно се однесуваа на нарушување на тајноста на гласањето и агитирање, како и за евидентирање на лични податоци на гласачите од страна на овластените претставници на политичките партии.

Денешната седница започна со еден час задоцнување, а по паузата членовите на Комисијата ќе продолжат со разгледување на останатите 61. приговор од ВМРО-ДПМНЕ за Центар, 17. исто така од ВМРО-ДПМНЕ за Струга. Потоа треба да се разгледаат 252 приговори за гласањето во 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.

Досега ДИК нема прифатено ниту еден приговор за гласањето во вториот круг. Отфрлени се сите приговори за Куманово поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, од НДП, ДУИ и ДПА.

Рокот на Управниот суд за решавање по евентуалните одлуки на ДИК завршува во сабота во 19 часот.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања