ДИК отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на продолженито на 147. седница отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден.

Отфрлени како неосновани беа приговорите на Аријета Селими од Сарај, на Бесар Селими од Сарај, на Ќеримка Селимовска од Сарај и на Егзон Исмаили од Сарај бидејќи по проверката било утврдено дека сите овие лица се запишани во избирачкиот список.

Членовите на ДИК едногласно го прифатија приговорот од лицето Хазред Бизари од Струга, кое поднело приговор за заштита на лично избирчко право и лични документи, а по проверката било утврдено дека лицето го нема во избирачкиот список, а исполнува услови. Ова лице утре ќе гласа на избирачко место број 1899 во општина Струга. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко рече дека овие лица на кои ќе им биде прифатен приговор со себе задолжително да го носат решението на избирачко место за да им биде овозможено да гласаат.

Членот на ДИК Ангелчо Ристов апелираше до граѓаните кои сакаат да гласаат утре да се проверат во избирачкиот список јавно достапен на страната на ДИК и во Општинската изборна комисија. Посочи дека голем број од приговорите кои се поднесени за заштита на лично избирачко право се поднесени од граѓани кои веќе се запишани во избирачкиот список и со вакви дејствија службата, како што рече, непоредно пред одржувањето на изборите е фокусирана на постапување приговори од лица кои веќе се запишани во избирачки список.

Членовите на ДИК на седницата едногласно одобрија уште едно барање за издавање акредитација за набљудување на изборите за еден меѓународен набљудувач од организацијата „Београдски форум за свет рамноправних“.

Од ДИК потсетија дека сите акредитирани набљудувачи, домашни и сите учесници во постапката се должни да ги носат своите беџови кои ги имаат за лична идентификација и при вршењето на своите функции како набљудувачи задолжително да го почитуваат Кодексот од правилата на набљудување на изборите и изборната постапка, кој го има донесено ДИК.

Членовите на ДИК ја изгласаа и одлуката за доделување авансни средства за вработените во ДИК кои се ангажирани за враќање на доверливиот материјал, тоа се уредите за биометриска идентификација на гласачите.

Претседателот на ДИК Кондарко информира дека 147. седницата ќе биде отворена до утре, кога ќе информираат дали се пристигнати уште приговори за заштита на лично избирачко правo.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања