ДИК ќе расправа за барањето за одземање на списоците од три избирачки места во Куманово

Од:

Државната изборна комисија претпладнево на седница го разгледува барањето на Општинската изборна комисија-Куманово, а по наредба на истражен судија, за одземање на избирачкиот список на три избирачки места.

Станува збор за избирачките места 1036, 1040 и 1063, на кои според сомневањата на истражниот судија имало злоупотреба на избирачкото право од страна на девет лица.

Во меѓувреме, тече рокот за разгледување на приговорите за вториот круг од локалните избори. До истекот на законскиот рок, синоќа до 19 часот, до ДИК се поднесени над 200 приговори.  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доставиле по повеќе од 100, ДПА 4, а ДУИ и НДП по 16 приговори.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Подносителот на приговорот по кој одлучувала комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата. Одлуките на судот се конечни.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште