А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК ќе одлучува по барањето од Чулев во врска со одлуката за назначување шеф на СВР – Скопје

by А1он14/01/2020 - 08:2814/01/2020 - 08:40367
Share0

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница треба да одлучува по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Чулев, проблематизирањето на изборот на Ставревски за началник на СВР – Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите.

Дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска вели дека таа одлучила да не ја потпишува одлуката за назначување на Ставревски за шеф на СВР – Скопје бидејќи за Ставревски имало аудиоснимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Во согласност со Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство. Одлуката на ДИК е конечна.

Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, во согласност со Пржинскиот договор. Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменик-раководители на сектори и оддели, во согласност со член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Сепак, министерот Чулев и дополнителната заменик-министерка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР – Скопје.

dikmvrsvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео