ДИК ќе ги разгледува приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Центар

Од:

Државната изборна комисија денеска ќе продолжи да ги разгледува приговорите за вториот круг од гласањето на локалните избори што се одржаа во неделата.

Членовите на Комисијата ќе продолжат со разгледување на приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар, вкупно 66. Потоа, треба да бидат разгледани 17-те приговори исто така на ВМРО-ДПМНЕ за Струга. Последни за разгледување се 252 приговори за 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.

ДИК досега нема прифатено ниту еден приговор поднесен од партиите. Одбиени се 30 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, 16 на НДП, 4 на ДУИ и 2 на ДПА.

Управниот суд до сабота до 19 часот треба донесе решенија по евентуалните жалби од политичките партии на одлуките на ДИК.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште