ДИК ќе формираат избирачки одбори за дијаспората за референдумот

Од:

Над илјада македонски државјани кои живеат во странство се пријавиле да учествуваат на претстојниот есенски референдум. Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска на седница да избира членови на избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дијаспората.

До вчера до ДИК имаше вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 83, во Лондон – 77, во Торонто – 60, Љубљана – 62, Виена – 57 и Канбера – 42. Гласање за претстојниот референдум ќе има само во дипломатско-конзуларните претставништва каде што ќе има над десет пријавени, а во оние ДКП каде што ќе има над илјада пријавени ќе има две и повеќе избирачки места во зависност од нивниот број. Членовите на избирачките одбори, како што пренесува МИА, ќе се бираат од редот на вработените во ДКП, но, според најавите, онаму каде што ќе има потреба и по случаен избор од редот на администрацијата кои ќе бидат испратени од Македонија. Избирачките одбори на референдум се составени од тројца членови од редот на администрацијата, но процесот можат да го набљудуваат и претставници на овластениот предлагач и други заинтересирани.

ДИК во изминатиот период имаше контакти со Министерството за надворешни работи и со министерот за дијаспора за подобра организација на гласањето, но и за да се направат напори за рационалнизација на трошоците. На една од седниците потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху ги повика македонските државјани во странство доколку сакаат да се изјаснат на референдумот на 30 септември да дојдат во Македонија и да го сторат тоа, бидејќи гласањето во странство ќе ја чини многу државата.

Од ДИК предупредуваат дека доколку некој македонски државјанин се пријави да гласа во ДКП во земјата каде што живеат, тогаш нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во родното место.

ДИК изготви апликација www.dijaspora.sec.mk преку која иселениците се пријавуваат за гласање во ДКП.

Пријавувањето трае до 23 август на полноќ, кога завршува и јавниот увид во Избирачкиот список.

Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список вчера 2.179 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 337, Струмица – 200, во Радовиш – 140 и во Прилеп – 129.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања