ДИК: Излезеноста до 18.30 часот e 55,1 отсто

Од:

Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487, односно 55,1 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Во Изборното место (ИМ) 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98, отсто, во ИМ 1194 во Крушево гласале 325 гласачи односно 69,3 отсто, во ИМ 1202 во Крушево гласале 99 гласачи односно 33,22 отсто, во ИМ 1272 во Охрид гласале 356 гласачи односно 50,07 отсто, во ИМ 1470 во Долнени гласале 365 гласачи односно 55,47 отсто, во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 324 гласачи односно 51,27 отсто и во ИМ 1844 во Струга гласале 472 гласачи односно 62,68 отсто.

-Во споредба со гласањето на 8 мај до 18:30 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,08 отсто на овие избирачки места, велат од ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски