ДИК го откри „бугарскиот воз“ на изборите

Од:

Зијадин Села од ДПА е градоначалник на Струга. По долга, мачна и жестока расправа, резултат од гласањето во Државната изборна комисија е дека прифатените приговори од ВМРО-ДПМНЕ не влијаат на конечниот резултат.

Државната изборна комисија ги отвори и гласачките материјали од избирачките места 1882, 1885 и 1911 од општина Струга. На изборното место 1911 пронајдено е гласачко ливче од изборното место 1885, при што е констатиран фалсификат.

Исто така, фалсификувано гласачко ливче е пронајдено и во изборното место 1882.

На едното од сомнителните фалсификувани гласачки ливчиња заокружен е кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека на другото каднидатот на ДПА.

Дел од членовите на ДИК остро реагираа, констатирајќи дека со ова се докажува дека имало „бугарски воз“ или како што го нарекоа фатен е „дивиот зајак“. Ова велат се случувало и во други избирачки места во Република Македонија.

ДИК ги разгледа и ги отфрли и приговорите на СДСМ. Сега на потег е Управниот суд, чија одлука по жалбите е конечна.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште