ДИК го објави списокот на неконзистетни записи кои теренски се проверуваат

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб-страница го објави списокот на неконзистентни записи – Предмет на теренски проверки. Списокот содржи име, презиме и адреса.

Според Љупка Гугучевска, советник во ДИК на списокот има 100.436 неконзистентни записи за 89. 383 граѓани.

Објавувањето на списокот предизвика преоптовареност на веб страницата на ДИК поради што повремено тој не е во функција или не се отвора документот со некозистентни записи.

Анкетирањето на терен, пак, според информациите од ДИК, денеска се одвива без проблеми.

Според податоците од последната седница на ДИК вчера, на терен се 727 овластени анкетари во сите 80 општини во земјата. Постапкката на анкетирање пасивно ја набљудуваат по еден претставник од четирите најголеми политички партии и на невладините МОСТ и Синергија, како и на ОБСЕ.

Најмногу неконзистентни записи има во општина Чаир, чие подрачно одделение на ДИК е надлежно и за општините Бутел и Шуто Оризари. Педесет анкетари проверуваат 17.041 илјади запис, но од ДИК вчера најавија дека во оваа општина ќе биде зголемен бројот на овластени анкетари.

Осумдесет и пет анкетари проверуваат 11.676 неконзистентни записи во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања