ДИК ги усвои регистрите на радиодифузери, печатени и електронски медиуми за претседателските и парламентарните избори

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 84-та седница ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на претседател на Република Северна Македонија и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

– Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизи и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик, соопшти ДИК.

Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, еден поткаст и едно радио се одбиени поради, како што се наведува, неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.

Од вкупно доставени 334 барања за платено политичко рекламирање за парламентарните избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали.

– Две телевизии и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно седум правни субјекти со 9 портали, еден поткаст и едно радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање, се вели во соопштението.

Против решенијата за одбивање на медиумите кои не ги исполнуваат условите за регистрација за платено политичко рекламирање, незадоволната страна има право на тужба до Управен суд на Република Северна Македонија, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање и ценовниците ќе бидат достапни на веб-страната на Државната изборна комисија.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24 часот на 22 април, а кампањата за парламентарните избори, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања