ДИК ги објави првичните резултати од претседателските избори, течат роковите за приговори

Од:

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои заклучокот за објавување на првични резултати од вториот круг на претседателските избори, според кој за претседател на Република Северна Македонија е избран Стево Пендаровски. По донесувањето на заклучокот течат роковите за поднесување приговори за изборниот процес.

Според податоците на ДИК од обработени 100 отсто од гласовите, од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 844.360 граѓани, или 46,7 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 436.212 граѓани, а за Силјановска Давкова 377.713.

-Според ова, согласно член 121 од Изборниот законик за претседател на Републиката е избран Стево Пендаровски кој доби мнозинство гласови од граѓаните кои гласале, рече на прес-конференција. претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

По усвојувањето на овој заклучок, појасни Дерковски, тече рокот од 48 часа во кој учесниците во изборната трка имаат право да поднесат приговори.

Членот на ДИК, Јанаќе Витановски го повтори вчера изнесениот став на Комисијата дека изборите биле чисти, фер и демократски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори