ДИК: Функционална апликацијата за проверка на граѓаните во Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија информира дека во текот на денот имале одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во Избирачкиот список.

– Апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна, соопшти ДИК.

Од ДИК најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде достапна и апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии во странство.

– Техничките проблеми немаат никакви последици ниту влијание врз Избирачкиот список, организацијата, како и врз спроведувањето на претстојното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, стои во соопштението од ДИК.

Би можело да ве интересира

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски