ДИК: Доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање во странство

Од:

Вкупно 251 пријава од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени заклучно со денеска до 12 часот, преку веб апликацијата до Државната изборна комисија.

Од пријавите, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка, информираат од ДИК.

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана – 18, во Торонто – 18, Канбера – 15 итн.

Пријавувањето се врши на dijaspora.se​c.mk.

Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.

Од ДИК, укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања