ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека денешното гласање на болни и изнемоштени лица и затвореници се одвива непречено, без пријавени потешкотии, проблеми или поплаки.

-Се спроведува гласањето, навреме е започанто, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал и изборни органи, немаме никакви забелешка, приговор, поплака или други информации. Надлежни овластени лица претпладнево беа на терен на одредени општински изборни комисии, информираше Борис Кондарко, претседател на ДИК на продолжението на 151. седница.

Дополни дека гласовите од денешното гласање нема да се бројат одделно, туку ќе бидат запечатени и приклучени кон утрешното гласање, по што ќе се објават како дел од вкупните резултати. Воедно, најави дополнително соопштение за денешниот одѕив по завршување на гласањето.

Во рамки на продолжението на 151. седница, ДИК разгледа и неколку приговори за остварување на избирачко право. Четири приговори беа усвоени, со што на пријавителите кои не биле евидентирани во соодветните избирачки списоци им се признава правото на глас, бидејќи ги исполнуваат законските услови. Додека, три приговори беа одбиени како неосновани поради тоа што лицата или веќе се запишани во избирачкиот список, или немаат живеалиште на територијата на државата.

Во однос на набљудувањето на изборниот процес, ДИК потврди дека се акредитирани вкупно 1.622 набљудувачи, од кои 957 домашни, 651 меѓународни и 14 странски новинари.

Своето избирачко право денеска го остваруваат 4.826 болни или немоќни лица, 1.256 лица во 14 казнено-поправни установи и 214 лица сместени во 13 центри за вонсемејна грижа.

Во вториот круг од локалните избори 2025 утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања