ДИК: 5164 лица се провериле во Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека заклучно со вчерашниот ден (26.08.2021) вкупно 5164 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

До ДИК на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 17 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.

Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб страната на Комисијата.

Во меѓувреме, до 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште