На третиот дијалог во рамки на Жан Моне процесот во Собранието, пратениците ги приближиле ставовите и се согласиле за одредени аспекти за реформите на Деловникот, кои треба да ги донесе следниот парламентарен состав, но сепак остануваат и клучни разлики, е истакнато денеска на прес-конференција во Парламентот по завршување на третиот дијалог во рамки на Жан Моне процесот.
Со третиот дијалог се согласивме за сите клучни аспекти за реформи на Деловникот и ја потврдивме нашата постојана посветеност за зајканување на демократските процеси.
Ние ги ставаме нашите политички разлики настрана за да консолидираме нашата работа на Деловникот.
Направивме значајни реформи и оставаме важно наследство за новиот пратенички состав во форма на усогласен текст за измените на Деловникот, што е анектиран во овој документ, како интегрален дел на заклучоците на третиот Жан Моне дијалог, со што одредени прашања остануваат да се разгледаат во наредниот парламентарен состав, рече спикерот Талат Џафери на прес-конференција.
Според спикерот Џафери, во 90 проценти од прашањата за измените партиите постигнале согласност, но сепак, новиот Собраниски Деловник е оставено да се донесе по изборите од новиот собраниски состав.
Има дел во разликите по однос на критериумите за избор на идниот генерален секретар, и помошниците генерални секретари, во делот на допрецизирање во формално технички аспект да се доформулираат, нема разлики во однос на политичката определба за воспоставување принципи за идниот генерален секретар, и околу потребата за усогласување на нештата со уставните измени, имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборие, тој дел го оставивме за наредниот состав да го допрецизира, за да не влеземе во политичка дебата во предизборието, рече Џафери.
Во однос на тоа дали има договор за ограничувањето на конститутивната седница и дали имаа гаранции дека нема да се повтори сценариото од 27 април, Џафери рече дека се согласиле за тајмингот за почнување и за завршување на таа седница, но во суштина ова нема да се усвои до конституирање на следниот парламентарен состав.
А за гаранциите дека нема да се повторни сценариото јавно ќе повторам, бидејќи е моја надлежност. како претседател на Собранието да свикам седница согласно постојните правила, да раководам со истата седница до избирање на новиот претседател на Собранието. Гаранција е мојот збор, така што нема да видите такви сцени на следната конститутивна седнива, истакна собранискиот спикер.
Џафери потсети дека Дијалогот е клучен инструмент за градење консензус во нивната работа во актуелниот парламентарен мандат и помогнал во унапредување на евроинтеграцискиот процес, спроведен со реформите, вклучително и институционалните реформи во Собранието.
Рече дека со процесот Жан Моне демонстрираат посветеност за правење стратешки реформи и за прифаќање на новиот дух на парламентарен дијалог, при што постигнале конкретни резултати за, како што рече, зајакнување на Собранието во овој критичен момент на патот на нашата земја кон членството во ЕУ.
Веруваме дека земјата ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ.
Во овој контекс ние изразуваме благодарност до Европскиот парламент за непоколебливата поддршка и успешниот исход од Самитот на претседатели на Европскот парламент за Западен Балкан што се одржа во Брисел 28 јануари годинава.
Го охрабруваме Европскиот парламент да осигури континуитет во поддршка на земјите на Западен Балкан.
Исто така го поздравуваме предлогот на Европскиот парламент за вклучување на парламентите од регионот на конференцијата за иднината на Европа, со цел да се осигури гласот на нашите граѓани и да биде вклучен во оваа значајна стратешка рефлексија на нашата заедничка иднина, рече Џафери