Дијагностициран коронавирус кај 18 деца до девет години

Од:

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 18 деца до девет годишна возраст се дијагностицирани со коронавирисот, кај сите нив клиничката слика е лесна и немало потреба од подолга хоспитализација, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Министерот, меѓу останатото, информираше дека на Гинеколошко акушерската клиника се тестираат сите кои имаат симптоми на коронвирусот.

-Постои целосно изолирана патека за родилките кои се позитивни на коронавирусот. Целосно се опремени лекарите и медицинските сестрите се тестираат оние од персоналот кај кои има симптоми, рече Филипче.

Во однос на тоа дали има позитивни ка коронавирусот во Инфективната болница како резултат на зараза од техничарот кај кого е покажан позитивен тест на Корона 19 од таа болница, министерот рече дека сите тестови од колегите се негативни и оти се размислува дека заразата настанала надвор од работното место за што се прават епидемиолошки анкети. Тој информираше дека клиниката функционира нормално.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он