Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Од:

Поранешниот италијански министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, испрати силна поддршка за кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Општина Чаир, соопшти ДУИ.

„Во емотивното обраќање, Ди Мајо ја истакна европската ориентација на Османи и неговата посветеност во јакнењето на меѓународните односи:

„Бевме министри за надворешни работи заедно, служевме заедно. Пред сè, Бујар е голем и почитуван пријател на Европа и на Европската Унија. Многу добро се сеќавам на неговите напори да ги зајакне односите меѓу Македонија и Европската Унија и на неговите амбиции да ја доближи земјата кон членството.“

Тој посебно ја нагласи улогата на Османи во зајакнувањето на врските меѓу Северна Македонија и Италија:

„Ти си голем пријател на Италија. Работевме многу заедно за да ги доближиме нашите земји и нашите народи. Се сеќавам на твоите горди зборови за дијаспората и за значењето на граѓаните на двете земји во градењето мостови меѓу нашите нации и влади.“

Ди Мајо ја заврши својата порака со лично признание и отворена поддршка:

„Ти си мој многу добар пријател, затоа што си доверлив политичар. Ти посакувам многу успех во новиот предизвик. Сигурен сум дека сериозните, вештите луѓе и силните бранители на своите граѓани секогаш ќе бидат поддржани во политичката конкуренција. Среќно со кандидатурата, среќно на твоите сограѓани и на твојата земја.“

Со оваа видео-порака, Луиџи Ди Мајо недвосмислено ја изрази својата поддршка за Бујар Османи во трката за градоначалник на Чаир, нагласувајќи дека неговата кандидатура е нова можност и за граѓаните и за државата“, се вели во партиското соопштение

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму