А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дезинфекција на возовите кои вршат превоз на мигранти

by А1он24/06/2015 - 13:39244
Share0

Во Куманово веќе не се забележуваат колони на мигранти од земјите од Блискиот Исток и од Сверена Африка. Во текот на минатата недела, со донесувањето на измените на Законот за азил, екипи на кумановскиот Центар за јавно здравје, информираа дека вршат дезинфекција на композициите кои ги превезуваат мигранти. Од Центарот за јавно здравје информираат дека добиле информација од ресорното министертво кое во соработка со Министертвото за транспорт и врски како и МВР се кородинираат меѓусебе за состојбата со мигрантите кои патуваат од ГП Богородица кон ГП Табановце со железнички транспорт.

Добивај вести на вибер

– Дезинфекцијата се врши секојдневно на композициите кои досега пристигаат еднаш дневно на станицата во Куманово и на ГП Табановце. Тие во првите дена беа во помал број, но вчера и завчера тие се цела композиција, при што таа композиција еднаш дневно во текот на вечерните часови, се дезинфецира за да биде подготвена за употреба наредниот ден, изјави доктор Марјан Денковски, специјалист по социјална медицина од Центарот за јавно здравје Куманово.

Во кумановската џамија веќе нема мигранти. Во просториите на џамијата каде што престојуваа мигрантите извршена е дезинфекција.

– Веќе нема мигранти во џамијата побаравме дезинфекција која е извршена, изјави Садула Абдулаи, референт по исламски прашања од муфтивството на ИВЗ Куманово.

migrantitransport

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Горан Наумовски02/01/2026 - 10:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен