Дезинфекција на јавните површини и јавните институции во Чашка

Од:

Општина Чашка во координација со ЈПКД „Тополка“ во саботата почна со дезинфицирање на улиците и јавните површини во населба Чашка, плоштадот и институциите.

Како што информираше градоначалникот Горан Стојановски, освен јавните простори, дезинфицирани се просториите на училиштето, градинката, полицијата, поштата, зградата на локалната власт, продавниците.

– Утре ќе се врши повторно дезинфицирање во населбата Чашка, а во наредните денови и во некои од поголемите населени места во нашата општина – Горно Јаболчиште, Мелница Извор и други поголеми населени места.

Во Општина Чашка на 5 мај беа регистрирани првите двајца заболени со Ковид-19, а потоа бројот на заболени се зголеми на тројца кои се од две семејства. Во Чашка моментално има и осум лица со решение за изолација, информира Стојановски.

-Затоа апелирам до жителите на општина Чашка, а посебно до жителите на населба Чашка, да ги следат препораките на Владата и Министерството за здравство за задолжително носење заштитни маски на отворено, како и да се одржува задолжително меѓусебно растојание, рече Стојановски.

Тој им препорача на жителите да се придржуваат до ограничено движење во текот на работната недела, а посебно во деновите од викендот.

Би можело да ве интересира

МВР: Кај тројца жители на Општина Чашка е пронајдено оружје

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава