Деветнесетгодишник уценувал девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Ш.(19) за уцена и злоупотреба на лични податоци на девојката со која бил во љубовна врска.

А.Ш. на 13-ти овој месец и се заканил на девојката дека доколку не му даде парични средства во износ од 5.000 денари ќе објави фотографии со копромитирачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм кои ги направил при сексуален чин помеѓу нив. Истиот ден, пријавениот го отворил Инстаграмот без нејзина согласност и користејќи лични податоци од оштетената  на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија направена при сексуален чин.

Кога оштетената дознала дека А.Ш. отворил лажен Инстаграм профил и поседува нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него при што истиот физички ја нападнал, задавајќи и удари во пределот на лицето и повторно и се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина  доколку не му даде 5.000 денари.

Оштетената случајот го пријавила во Полициската станица – Бит пазар.

Пријавениот на 14-ти овој месец по претходно телефонско јавување и упатени сериозни закани, од оштетената земал 3.000 денари, по што повторно физички ја нападнал. По преземени дејствија од страна „алфите“ пријавениот е приведен во Полициската станица – Кисела Вода заедно со уште едно лице кое било со пријавениот при извршување на кривичните дела. На пријавениот му е извршен преглед при што се пронајдени парични средства и мобилен телефон кои се одземени. Врз основа на дадена усна наредба од судија за предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде што се пронајдени и одземени еден компјутер и повеќе ЦД дискови.

На пријавениот му е изречен притвор од осум дена. 

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена