Деветчлено семејство бара помош за обнова на куќата што изгоре во пожар

Од:

Деветчлено семејство од тетовското планинско село Рогле остана без својот дом поради пожар, па сега бараат помош од сите граѓани да се обнови нивната целосно уништена куќа. Семејството Абдија без куќата остана во саботата.

– Пожарот се случи во саботата и целосно изгоре куќата. Таа е целосно уништена и не може да се живее. Сега сме привремено во куќата кај мој братучед. Потребна ни е помош за да се обнови целата повторно, вели Солман Абдија.

Солман во куќата живее со сопругата и очекува дете. Заедно со нив се неговите родители на 67 и 57 години, а неговата мајка е болна и неподвижна. Во куќата живее и братот на Солман со сопругата и трите деца кои се на возраст од 8, 5 и 2 години.

За лицата кои сакаат да донираат сметката на Солман Абдија е 280101102540764 Силк Роад Банка, а може да се контактира и на телефонскиот број 071929318.

Селото Рогле е дел од општина Желино и се наоѓа на планината Сува Гора.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски