Девет сообраќајки во Скопје, потешко повредени две лица

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои во три е причинета материјална штета, а во четири се поовредени четири лица. Со полесна повредена есна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден патник во автобус и еден мотоциклист.

Во две од несреќите две лица се здобиле со потешки повреди. Првата се случила на улицата „Бранислав Нушиќ“ во која учествувале патничко моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Втората се случила на крстосницата од улиците „Иван Хаџи Николов“ и „Јанко Мишиќ“ помеѓу патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од  граѓанин на Скопје и возач на мотоцикл, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата возачот на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом