А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Девет сообраќајки вчера во Скопје, повредени четири лица

by А1он23/09/2016 - 09:19108
Share0

Пет сообраќајки се регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, во кои со тешки телесни повреди се здобил патник во автобус, а три лица  се полесно повредени. Три од сообраќајките се со материјална штета.

Добивај вести на вибер

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала седум возачи под дејство на алкохол, кои се исклучени од сообраќај, тројца поминале на црвено светло на семафор, а седум користеле мобилниот телефон и не го користеле сигурносниот појас.

Санкционирани се и 36 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 62 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“ објект „Петар Пан“ во општина Чаир.

Утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, во рамки на Лигата на шампиони, ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК „Металург“ и РК „Елверум“, Норвешка. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и физичка регулација на сообраќајот.

skopjesoobrakaj

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен