Девет санкции за возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

На 18 и 19 јуни полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце извршиле контрола на пет автобуси, три патнички возила и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници, известува МВР.

– На Граничен премин Табановце, при контрола на автобус управуван од В.Л. од Струмица, на автобус управуван од А.М. од Кочани, на автобус управуван од Р.К. од Струмица, сите три со струмички регистарски ознаки, на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.А. од с.Шемшево, на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р. од Скопје, и на три патнички возила со струмички регистарски ознаки: „мерцедес“ управуван од В.Н., „фиат дукато“ управуван од К.С., двајцата од струмичко и „мерцедес“ управувано од К.А. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на возило комби со албански национални ознаки, управувано од А.Е. од Република Албанија, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација, соопшти МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он