Детска клиника: Децата со температура од утре да се носат во болницата „Козле“

Од:

Клиниката за детски болести ги известува сите родители и матични лекари кои од утре ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“.

Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (Дебарско), за преглед да се упатуваат кон Институтот, со претходна најава.

Ова е одлука на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.

Институтот Козле има капацитет да ги згрижи децата со температура, суспектни на коронавирус и децата кои доаѓаат дебарскиот регион.

Хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот не утврди недостатоци при третманот на деветгодишното дете почина во вторникот

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Таравари апелира матичните лекари да не ги испраќаат сите пациенти на Детска клиника

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Левица: Бебиња умираат додека монструмот Мемеди не ги санира пропустите на Детска Клиника

Стручен надзор за лекувањето на починатото седуммесечно бебе предлага Инспекторатот

Катерина Ѓуровски