Детска амбасада Меѓаши: Мора да им овозможиме чист воздух на децата

Од:

Од детската амбасада Меѓаши апелираат да се преземат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, бидејќи високо загадениот воздух во Македонија може да има сериозни последници по здравјето на децата.

„Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата. Загадениот воздух ја преминува границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетува детскиот мозок во развој.

Децата се немоќни било што да сменат. На децата им е загрозено најелемнтарното право: правото на живот.

Република Македонија како потписничка на Конвенцијата е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат!

Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.

Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена.

Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина.

„Пред сè затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни што било да сменат. Значи ги чекаат нашите акции и политики. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем“ вели доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен. Исто така, малите деца дишат побрзо од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на телесната тежина.

Истражувањето Прочистете го воздухот заради децата (УНИЦЕФ), укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смрт на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и иднината на милиони секој ден.

Загадувачите не само што им штетат на детските бели дробови во развој – туку всушност ја преминуваат границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетуваат детскиот мозок во развој – па така, и детската иднина. Ниту едно општество не смее да си дозволи да го игнорира загадувањето на воздухот.

Од нас, возрасните зависи дали ќе ги спасиме децата. Но како? Кој ќе ја преземе одговорноста за смртноста на децата од загадувањето на воздухот? Бараме итно преземање соодветни мерки од надлежните институции за чист воздух“ стои во соопштението од амбасадата Меѓаши.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза