Дете од Скопје дошло со пластичен пиштол во школо и го вперувал кон учениците

Од:

Дете, ученик во основно училиште во Скопје вчера дошло на училиште со пластичен пиштол.

Пиштолот го вперувал кон учениците по што била известена и директорката.

Детето, откако дошла директорката и го предал пиштолот – играчка. Повикани биле веднаш неговите родители но и полицијата и надлежните служби од Центарот за социјални работи.

Од МВР за А1он го потврдија настанот.

Полициски службеници веднаш излегле на терен и во просториите на училиштето бил извршен разговор со малолетникот во присуство на неговите родители, педагог, психолог и директорката на училиштето

„На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето  дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. “ велат од МВР за А1он

И за овој случај известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош