Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Од:

Дете падна од тераса на напуштен објект од Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Лекар од Итната медицинска помош во полиција пријави дека кај нив со повреди е донесено малолетно дете.

– Според пријавеното, тоа со повредите се здоби при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово-соопшти полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово која презема мерки за расчистување на случајот.

Поранешниот дом на пионери е речиси целосно запуштен и постојано е мета на вандали, иако се наоѓа во централно градско подрачје, помеѓу училишта. Општина Куманово има волја да го преземе објектот на поранешен „Пионерски дом“, во свое владение, но досега поднесените шест иницијативи до министерствата биле одбиени, соопштија надлежните на една од седниците од Советот.

Клучниот проблем останува правниот статус на објектот. Според важечките урбанистички планови, објектот е наменет за образование, додека во моментов дел од просториите ги користи детска градинка. Состојбата на објектот е сериозно нарушена, делови од инсталацијата се демонтирани и отуѓени, радијаторите и дел од техниката беа разнесени, односно објектот беше целосно демолиран.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Приведени се пет лица за инцидентот во Чаир, 13-годишно дете се бори за живот

Горан Наумовски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Тригодишно дете e повредено во лифт во зграда во Радишани

Горан Наумовски

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје