Tригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила.
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
