Дескоски: Аврамопулос во Брисел отиде по вето

Од:

Како суштински исчекор во евроинтеграцискиот процес на Македонија  ги смета заклучоците од Советот за општи работи на Европската унија професорот Тони Дескоски. Во интервју за еВести тој тврди дека и покрај разочарувањето од  тоа што Македонија не доби датум за преговори овој пат има вистинско поместување од статус-кво ситуацијата која постоеше во изминативе три години.

Македонија ќе може да добие датум за преговори и без решено име ако добие позитивен извештај од Европската комисија, пролетта следната година. Извештајот на Комисијата нема да оценува дали е постигната спогодба за разликата за името, туку ќе се оценуваат чекорите преземени за да се надмине таа разлика, вели Дескоски во интервјуто.

Според него, со ова е отстранета секаква можност за ново грчко вето, кога Советот ќе  одлучува по евентуално позитивниот извештај на Европската комисија.

– Грција успеа во намерата да го спречи усвојувањето на Заклучоците со онаа содржина со која беа предложени од Европската комисија. Но, факт е и дека Грција не успеа да го одбрани она што досега неприкосновено го имаше: заклучок кој отворањето на пристапните преговори ќе го услови со претходно постигнат договор за разликата за името. И второ, доколку се добие позитивен извештај од Комисијата, Грција не може да стави вето. Да Ве постетам, Аврамопулос отиде во Брисел со една цел, да го задржи статус кво-то од Букурешт. Дали успеа во тоа?  Несомнено не успеа, вели Дескоски.

Тој додава дека сега Македонија треба да направи добра стратегија и план со динамика на дејствата, за потоа да следи реализација. Според него, улогата на Комисијата посебно ќе биде значајна во поглед на дијалогот со Бугарија, каде проблемите се релативно мали, но потребна е позитивна енергија од двете страни.

За улогата на Бугарија кон Македонија, вели дека Бугарија сега е во процес на градење на позиција во која ќе ја ефектуира својата зголемена моќ. Таа полека но сигурно, вели Дескоски, почнува да влече потези со кои ќе се наметне како фактор во регионот, во кој досега Грција беше неприкосновена.

– Задача на надворешната политика на Република Македонија е да се прилагоди на новата улога на Бугарија и по можност истата да ја насочи во своја полза. Македонија и Бугарија имаат многу точки во кои интересите им се совпаѓаат, вели Дескоски во интервјуто.

Во однос на новата динамика за решение на спорот Дескоски тврди дека сега можно е САД да притиска конечен епилог поради членството на Македонија во НАТО.

– Новонастанатата ситуација е дека доколку добиеме позитивен извештај од Европската комисија, ние ќе можеме да продолжиме со евроинтеграциите и без претходно постигнат договор за разликата за името. Тоа ја отвора вратата за суштински преговори, во кои би можеле да добиеме поповолно решение од меѓународно име Република Северна (или Горна) Македонија. Нашите напори треба да се движат во тој правец. Јасно е и дека Грција ќе стори се што е во нејзина моќ да ја задржи постојната состојба, иако тоа е потполно неразумно по нејзиниот дебакл во Хаг, па ќе се одрази негативно на нејзините позиции. Во секој случај, притисокот кон двете земји ќе кулминира во пролетта 2014 година, кога Американската администрација, пред новиот Самит за проширување на НАТО ќе ги направи финалните усилби  за да ги доведат Македонија и Грција до договор за разликата за името. Тогаш ќе се знае, дали има договор или договорот не е можен и по чија вина е тоа, рече  Дескоски во интервју за еВести.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски