Дескоска: Законски измени за олеснување на пополнувањето на електронскиот дневник

Од:

Во законите за основно и средно ќе бидат направени измени кои ќе се однесуваат на тоа дека електронскиот и хартиениот дневник не мора и не треба да бидат во еднаква содржина во смисла на сите компоненти кои ги содржат. Факт е дека одредени компоненти кои ги содржи електронскиот дневник се непотребни и не ги интересираат родителите да ги читаат, ниту пак ги гледаат.

Ова го истакна министерката за образование и наука Рената Дескоска, која рече дека од друга страна одредени аспекти кои се заеднички за целото училиште или пак се заеднички за сите училишта ќе бидат преку технички начин направени автоматски да се вметнуваат во електронскиот дневник за да не мора наставникот да ги вметнува.

– Еден дел ќе остане кој ќе се пополнува, а тоа е присуството и оценките кои ги добиваат учениците, рече Дескоска, одговарајќи на прашање на пратеничката Татијана Лалчевска од СДСМ.

Во однос на измените на законите за основно и средно образование, посочи дека разгледуваат кога ќе се формира фондот на часовите на наставниците еден дел од фондот на часовите да биде признаен на одредени наставници кои ќе бидат задолжени за водењето на електронскиот дневник на ниво на училиште.

Според неа, на овој начин ќе направат баланс на обврските и наставниците ќе се растоварат.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите