Дескоска: Во преамбулата ќе се конкретизираат актите на АСНОМ

Од:

Во преамбулата на Уставот ќе се конкретизираат актите на АСНОМ, рече министерката за правда, Рената Дескоска на конференција во Охрид за реформите во судството. Дескоска рече дека се правеле консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржале уставните измени во Собранието.

„Во делот на преамбулата она што јас сум информирана дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскиот народ за одлуките на АСНОМ“, рече министерката.

„Рокот е утре до кога Владата треба да му ги достави нацрт-амандманите на Собранието. Вчера се правеа некои консултации за кои не сум во тек. Она што беше консултација со осумте пратеници во опозицијата, кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување на член кој ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Постигнавме заеднички договор тоа да биде во рамките на нормативниот текст, каде што во еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција за идентитето на македонскиот народ“, рече министерката за правда, Рената Дескоска, на конференцијата.

Таа потенцира дека за помирувањето во Собранието до вчера не било прецизирано каков ќе биде составот и дека се прават консултации со политичките партии кои се во парламентот.

„Прашањата кои треба да се разговаарт во еден поширок контекст. Премиерот најави и јас мислам дека тоа е став кој што треба да се поддржи дека аменстија за насилствата на 27 април не смее да има. Тоа се акти на насилство. Многумина пролеаја крв. И тоа остави не само лична траума на тие луѓе, туку остави и колективна траума на општеството. Она што значи насилен акт. Јас мислам дека не треба да има исклучок“, рече Дескоска.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева