Дескоска сподели „бел чад“ по договорот за Законот за ЈО

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи сподели фотографија од бел чад, што пак, беше протолкувано како потврда дека власта има 80 пратеници, односно 2/3 мнозинство за изгласување на Законот за јавно обвинителство. Под фотографијата има бројни коментари со честитки, за како што се пишува, успехот за донесување на законското решение.

Дескоска со споделена фотографија направи паралела со изборот на Папа во Ватикан, бидејќи, тогаш белиот чад се користи како симбол дека кардиналите постигнале договор за нов поглавар на Католичката црква.

За вечерва е закажана и седница, на која ќе треба да се разгледува законот. Неизвесно е дали ќе присуствуваат техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.

Според извор на „А1он“, за законот ќе гласаат и пратениците од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Власта очекува законот да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на актуелниот пратенички сотав и распишување на предвремените парламентрани избори на 12 април.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител