Дескоска: Со реформите ќе ја зајакнеме независноста

Од:

Македонија нема да запре на патот на реформите. Тие не се само формално исполнување на стандардите за пристапување кон Европската унија, туку за доброто на граѓаните на нашата држава. Тоа се очекува од нас – борба против корупција, ефикасен и ефективен правосуден систем, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Тирана.

Дескоска истакна дека Македонија ја следи реформската агенда утврдена во Стратегијата за реформи во правосудството 2018-2025 година, почнувајќи од реформите за јакнење и гарантирање на независноста на судството, до реформите што треба да ја подобрат ефикасноста на судството. Согласно Стратегијата и Планот 3-6-9, најави измени на Законот за судовите и на Законот за Судски совет.

– Во таа насока се идните реформски активности со кои треба да се зајакне независноста, непристрасноста и одговорноста на судството на нашиот пат кон европската интеграција. Поголемо ниво на ефикасност на судскиот систем ќе го унапреди квалитетот на заштитата на човековите права и ќе го зајаке владеењето на правото, а зајакнатата транспарентност на правосудните институции ќе ја врати довербата на граѓаните во судството, рече Дескоска.

Покрај министрите за правда од регионот, на форумот присуствуваа и комесарката за правда на Европската унија, Вера Јурова, како и австрискиот министер за правосудство Јозеф Мозер.

Би можело да ве интересира

Познати професори и правници ќе го реформираат Судскиот совет

Горан Наумовски

Работна група без ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на нов Изборен законик

Орце Костов

Маричиќ: Почнувањето на преговорите клучно во дефинирање на темпото на реформите

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието

(ВИДЕО) Маричиќ: Ги спроведовме реформите, сега на ред е Европскиот совет

А1он

Министерката за правда Дескоска не учествува на маршот за правда

А1он