Дескоска: Нема поместување на позициите за законот за јавно обвинителство

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека има неформални консултации меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, но се уште нема официјална средба за надминување на разликите.

Дескоска потврди дека нема поместување на позициите и оти се уште постои недоразбирање со опозицијата за тоа што било разговарано за јавното обвинителството за организиран криминал и корупција на лидерската средба меѓи ЗоранЗаев и Христијан Мицкоски.

– За носење на законот потребни се 80 гласа, кои ги нема Владата во овој момент. Компромис кој ќе значи газење на стандардите и европски принципи и компромис за носење полош закон од постојниот не е нешто што ќе биде добро прифатено од Европската унија, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод стапување во сила на Законот за бесплатна правна помош.

Премиерот Заев пред неколку дена во Њујорк изјави дека очекува власта и опозицијата да ги усогласат своите ставови и да го усвојат законот за јавно обвинителство пред средбата на Евроспкиот совет, и оти е подготвен за нова средба со Мицкоски за да се затвори ова прашање.

Би можело да ве интересира

Заев го повикува Мицкоски да најдат решение за да се донесе законот за јавно обвинителство пред распуштање на Собранието

Ана Ололовска

Калеска-Ванчева: Нема суштинска разлика во новиот предлог закон за јавно обвинителство

Ана Ололовска

Милошоски: Постојат одредени шанси за договор за законот за јавно обвинителство, ако тоа се постави како приоритет

Ана Ололовска

Европа апелира на донесување на законот за ЈО, власта вели дека опозицијата нема слух за тоа, а тие пак бараат преговори

Ана Ололовска

Одложена правда – 2019 година меѓу СЈО и ЈО

Ана Ололовска

Дескоска: Ако немаме согласност за квалитетен закон за ЈО, подобро е да не се носи

Ана Ололовска