Дескоска на Регионалниот форум за соработка во Солун

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска учествува на Регионалниот форум за соработка во Солун, насловен „Денешните предизвици, утрешни перспективи: Балканот во 2030“, што се одржува од 15 до 17 февруари, во организација на Градот Солун.

Како што соопшти Министерството за правта на овогодинешниот форум теми на дискусија ќе бидат приоритетите на Романското претседателство со Советот на ЕУ во врска со Западен Балкан, Солунската агенда, бегалската криза и поврзаноста на регионот. Меѓу клучните говорници на овој настан се поранешниот премиер на Грција, Папандреу, поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ и евроамбасадорот во Република Северна Македонија, Семјуел Жбогар.

Утре, во рамките на форумот, министерката Дескоска ќе се обрати на тема „Борба против лажни вести и дезинформации – Заштита на демократијата во дигиталната ера“.

Регионалниот форум за соработка во Солун е платформа која овозможува прогресивен дијалог меѓу клучните актери од политичката, економската, академската, бизнис заедницата и граѓанското општество на Балканот. Форумот е регионална геополитичка иницијатива која цели кон мирно решавање на регионалните спорови и зајакнување на соработката помеѓу земјите од Балканот, информираат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Повторно ќе почне да функционира нафтоводот Солун – Скопје

Убиство во Солун: Полицаец ги однесе децата на училиште, па ја уби поранешната сопруга

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

(ВИДЕО) Брутална ликвидација во Солун: Застрелан откако се обиде да го удри

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Сомнителен пакет пред рускиот конзулат во Солун, полицијата предизвика контролирана експлозија

Горан Наумовски