Дескоска, Камбовски, Јовески, Калајџиев и Ристоска се консултираат што ќе прават по писмото на Јанева

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска, на „Фејсбук“ објави фотографии од денешната средба на работната група за предлог-законот за Јавното обвинителство за судбината на предметите на СЈО. Над фотографиите Дескоска напиша: „Консултации за Законот за Јавното обвинителство на работната група“.

На средбата покрај министерката присуствувле и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, академикот Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина.

Средбата доаѓа по вчерашното писмо на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ги овласти обвинителите да му ги предадат предметите на републичкото јавно обвинителство во рок од три дена.

Министерката Дескоска вчера истакна дека ќе се направат консултации за тоа какво влијание ќе има наредбата на Јанева на одредени одредби во законот.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов