Дескоска и Перкс на одделенски час за здравиот начин на исхрана

Од:

Министерката за образование и наука Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс во основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци ќе присуствуваат на одделенски час посветен на здравиот начин на исхрана и квалитетот на храната во училиштата.

Најголемиот глобален час во основното училиште „Аврам Писевски“ ќе го одржи наставничката Драгана Горковска заедно со нутриционистот Сашко Дрвошански. Учениците од четврто одделение ќе имаат можност да се запознаат со здравиот начин на исхрана и како тој придонесува кон остварување на глобалните цели за одржлив развој.

Наставниците од сите основни училишта во земјата денеска ќе се приклучат кон иницијативата со предавање на оваа тема за време на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение. Подготвени се наставни материјали кои може да се симнат од веб страницата на МОН.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа