Десетта конференција на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ

Од:

Во рамки Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денеска и утре во Охрид се одржува 10. Конференција на претседатели на парламентите на ПСЈИЕ, прва од серијата настани, со кои неделава ќе се заокружи македонското претседавање со Процесот.

Предвидено е разгледување на меѓупарламентарната соработка во регионот и улогата на националните парламенти врз влијанијата предизвикани од економската криза и останатите предизвици, разгледување на насоките и модалитетите за натамошниот развој на парламентарната димензија на ПСЈИЕ што ќе води до воспоставување на Параламетарно собрание, како и усвојување завршна Декларација и други документи.

Со конференцијата ќе претседава претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а, како што јави известувачот на МИА, ќе присуствуваат претседателот на бугарското Национално собрание Михаил Миков, хрватскиот спикер на Парламентот Јосип Леко, претседателот на Претставничкиот дом на Романија Валериу Згонеа и потпретседателот на Сенатот Флорин Констатинеску, претседателот на српското Национално собрание Небојша Стефановиќ, претседателот на турското Големо Национално Собрание Џемил Чичек, претседателот на словенечкиот Национален совет Митја Бервар и потпретседателот на Националното собрание Рената Брунсколе, како и потпретседателите на Претставничкиот дом на БиХ и на Црна Гора, Милорад Живковиќ и Суљо Мустафиќ.

Поради изборите во Албанија на конференцијата во Охрид нашиот сосед ќе го претставува претседателот на парламентарниот Комитет за надворешна политика Фатос Беја, додека од Грција ќе присуствува претставник за регионална соработка и партнерство во рамките на ПСЈИЕ.

Освен официјалните претставници, како гости на конференцијата ќе учествуваат заменик-претседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан, претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ Волфганг Грошрук, генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, поранешната потпретседателка на германскиот Бундестаг Петра Блаз Рафајловски, поранешниот потпретседател на бугарското Национално Собрание Георги Пирински, како и претставници на фондацијата Фридрих Еберт и Секретаријатот за парламентарна соработка во ЈИЕ.

На конференцијата ќе присуствуваат околу стотина учесници, меѓу кои има и пратеници, национални координатори, членови на парламентарни делегации, амбасадори и претставници на дипломатските претставништва.

Предвидено е исто така претседателот на Собранието на Република Македонија Вељаноски да одржи билатерални средби со своите колеги од Бугарија Миков, од Србија Стефановиќ, со претседателот на Претставничкиот дом на Романија Згонеа и потпретседателот на Сенатот Констатинеску, како и со потпретседателот на Европскиот Парламент Сурјан.

Во рамките на ПСЈИЕ на 29 мај во Охрид ќе се одржи Состанокот на политичките директори на Процесот, на 30 мај Шестиот Годишен состанок на Регионалниот совет за соработка (РСС), а на 31 мај и Формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ПСЈИЕ.

Како дел од македонското претседавање со ПСКИЕ на 1 јуни во Охрид ќе се одржи Самитот на шефовите на држави и влади на земјите учеснички на ПСЈИЕ, каде како што е најавено ќе учествуваат претседателите на Хрватска Иво Јосиповиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Романија Трајан Басеску, на Молдавија Николае Тимофти, претседавачот со Претседателството на Босна и Хецеговина Небојша Радмановиќ, бугарскиот премиер Марин Рајков и министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу.

На 2 јуни, пак, во Струга, е предвидено и одржување на 11. Самит на шефови на држави на ЈИЕ во рамките на форумот Дијалог меѓу цивилизации.

Би можело да ве интересира

Експретседателот на Киргистан осуден на 11 години за ослободување мафијашки шеф од затвор

А1он

Пет случајно снимени разговори, кои ги довеле политичарите во неволја

Татјана Ташкова

Промоција на „Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“ од Дарко Костадиновски

Ана Ололовска

Актуелниот претседател на Малави освои нов мандат

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Ана Ололовска

Пендаровски бара анализа за перформансите на надворешната политика

Ана Ололовска

Leave a Comment

3 × 2 =