Десетмина охридски угостители добија казни од по 7.000 евра за бесправно изградени тераси и шанкови

Од:

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.

При контролите, во автокампот и плажата „Градиште“ од страна на општинските иснпектори, кај 5 правни субјекти е констатирано прекршување на Членот 161-а од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од 7.000 евра во денарска противредност. Глобата е изречена за незаконско поставување на урбана опрема-тераси со и без настрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето, на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така, од страна на општинските инспектори е утврдено прекршување на Членот 161-а од Законот за градење и изречена e глоба во износ од 7.000 евра во денарска противредност за 5 правни лица.

Инспекторатот при Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот