Десет пациенти се уште се лекуваат од салмонела во штипската Клиничка болница

Од:

Десет пациенти се уште се лекуваат на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип откако се затруле од бактеријата салмонела.

Пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а за тројца се чекаат резултати, информира денеска началникот на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, Глорија Караѓозова. Таа додава дека состојбата на хоспитализираните пациенти е стабилна.

– Во однос на клиничката состојба тројца пациенти беа со потешка клиничка слика, останатите беа со една лесна клиничка слика. Пациентите ќе бидат хоспитализирани додека клиничката состојба не се среди, односно нормализира , за тоа време ќе ги добиеме и резултатите од микробилошките анализи, вели Караѓозова.

Според првичните информации причината за пациентите заболени со салмонела се еклери. Санитарниот инспекторат зел мостри и брисеви од работните маси на една штипска слаткарница и на еден супермаркет. Вработените од слаткарницата се испратени на вонредни хигиенско –санитарни прегледи. Резултатите од мострите и брисевите за изворот на салмонелата се очекуваат во петок.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“