„Десет лопати за девет години“ – граѓанска акција за вечната изградба на клиничкиот центар во Штип

Од:

Во Текот на денешниот ден од група активисти беше спроведена активистичката акција „10 лопати за 9 години“. Акцијата е посветена на веќе вечната изградба на новиот клинички центар во Штип.

Акцијата има за цел потсетување на надлежните за овој отворен проблем кој на преку 500 илјади граѓани од источниот и југоисточниот регион им го ускратова правото на квалитетна здравствена заштита.

На лопатите во вид на златни плакети се поставени следните пораки кои се директно поврзани со изградбата на болницата.

· Техничка документација за нова Клиничка болница –Штип од 2013 до 2015 година

· На 6 август 2015 година објавен тендерот за изградба на Клиничка болница-Штип

· Министерството за здравство на 7 август 2015 година во Скопје го презентира проектот за нова Клиничка болница-Штип

· 3 март 2016 Лопати за старт на новата Клиничка болница-Штип

· Ветување дадено на камен теленикот: Новата болница ќе биде готова за две години

· Болницата ја гради како главен изведувач„ Интракат“ од Грција, а под изведувач ГП „Бетон“-Штип

· 6 декември 2018 година пролонгирана изградбата на болницата за две години

· По две години

· 11 август 2020 Судски спор меѓу Интракат и ГП „Бетон“ ја стопира изградбата на болница

· 17 ноември 2021 Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма обелоденува за повлекување на Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип.

· 18 ноември 2021 Министерството за здравство го потврдува повлекувањето на финансиерот за изградба на болницата

· 6 декември 2021 Нов скандал објавени поранешни градоначалници, административци, политичари добивале дебели хонорари за изградба на новата болница во Штип

· 4 март 2022 По шест години болницата изградена само 30 %

· До кога ќе редиме лопати и ќе чекаме останува да видиме.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена