А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дерковски: Изборите не претставуваат кластер за ширење на коронавирусот

by А1он01/12/2020 - 13:17362
Share0

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски смета дека изборите не претствуваат кластер за ширење на коронавирусот и оти тоа го покажале и парламентарните избори што беа организирани во текот на летото.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според него, и покрај тоа што сега состојбата со пандемијата е посериозна, со искуството од претходните избори многу полесно ќе се организираат предвремените локални избори во Штип и Пласница.

– Предвремените парламентарни избори 2020 година завршија на добар начин и покрај сите предизивици кои ги имавме сите кои бевме во организација, финалниот извештај на ОБСЕ го покажува тоа, кој го добивме пред неколку дена. Организацијата од страна на институциите беше одлично направена сите три дена, помина одлично и нормално со забелешката за објавувањето на резутатите, односно хакирањето на страната на ДИК. И покрај предизвиците од пандемијата тие избори на некој начин добро ги организиравме, истакна Деркоски на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во рамки на Фестивалот на слободата.

Дерскоски истакна дека предвремените локани избори во Штип и Пласница, со претходното искуство од минатотот лето, сега полесно ќе ги организираат и дека имаат поддршка од локалните изборни комисии.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Се покажа дека предвремените парламентарни избори што беа организирани летото, и покрај стравовите, не претставуваа кластер за ширење на вирусот, бидејќи беа преземени сите неопходни мерки за заштита, рече тој.

Во Штип и Пласница, додаде Дерковски, имаме влошена здравствена состојба, но ги преземавме сите можни заштитни мерки за да не бидеме причинители за зголемување на бројките на заболени.

dik

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 14:0319/10/2026 - 14:19

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 16:2118/10/2026 - 19:21

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

Горан Наумовски18/10/2026 - 10:36

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Горан Наумовски17/10/2026 - 18:06

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 12:1429/09/2026 - 12:26

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Горан Наумовски24/03/2026 - 10:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео